Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“
Економија

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

16/01/2025

AA

Вонредна состојба, па ќе има и вонредно акционерско Собрание, а за него
сите нови доминантни и моќни акционери имаат свои предлози за членови во
раководните тела.

Најголемата хотелиерско-угостителска компанија во земјава Македонијатурист
за 17 февруари закажа вонредна седница на Собранието на акционери, а за нејзиниот
дневен ред новите сопственици кои имаат позначајни акционерски пакети
предлагаат нови точки за избор на нови членови на Надзорниот одбор како нивни
предлози.

Деновиве за ова вонредно собрание со свои
предлози за членови на Надзорниот одбор излегоа двајца моќни акционери,
односно М.Г. Фешн, како и компанијата Промедика.

Еден од најзначајните акционери, М.Г. Фешн,
бара да се изберат четворица нови членови на Надзорниот одбор, и тоа Леонид
Антиќ, Стефан Спировски, Костадин Саздовски, како и Сашо Данаиловски, како
независен член.

Како што во својот предлог навеле од М.Г.
Фешн, тој е изготвен врз основа на нивното долгогодишно искуство и
значајниот придонес во работењето на повеќе успешни правни субјекти.

Натаму, во предлогот се наведува дека
мандатот на овие нови членови на НО би траел шест години, а за нив ќе се одреди
и соодветен месечен паушал и тоа за претседателот на НО две просечни месечни
нето плати исплатени во друштвото во последните три месеци, а за членовите по
една просечна месечна нето плата исплатена во последните три месеци, додека пак
за независниот член 90 отсто од просечната месечна нето плата од последните три
месеци.

Од М.Г. Фешн дале и биографии за предложените
кандидати за членови на НО. За Леонид Антиќ е наведено дека е оперативен
менаџер на Гранд Скопје МГ Фешн, од јуни 2023 година.

Тој од мај 2022 година бил  член на Управен одбор на Фешн груп Македонија, а претходно, од јуни 2020 година бил Управител на Секторот за е-продажба на
таа фирма, а додека од јули до декември 2019 година бил вработен во ревизијата
Дилојт.

Образование има додипломски студии „BSc“:
Интернационална бизнис администрација, Rotterdam Schools od Management, Erasmus
Universuty во Ротердам, од 2015 до 2020 година.

Дадени се биографии и за предложениот
кандидат Стефан Спировски, кој има економски факултет на УКИМ во Скопје, потоа за
Костадин Саздовски, кој е оперативен менаџер во МГ Фешн, како и за Сашо
Данаиловски, кој е комерцијален директор во Ривер Девелопмент Скопје, а бил
управител во Балфин.Мк.

Акционерот Промедика, пак, кој поседува 11,9
отсто од Македонијатурист, бара за членови на Надзорен одбор да се изберат
Димитар Лузевски, Горазд Поповски како независен член, Сашко Бошков и Маја
Николовска. 

За номинираните кандидати се приложуваат соодветни податоци, како
што е кратка биографија, опис на професионалните квалификации и работното
искуство, како и други релевантни информации. И за нивниот мандат се предлага
да трае шест години, а ќе се одреди месечен надоместок во истата вредност како
и онаа што ја предлага претходниот акционер.

Димитар
Лузевски е роден 1994 година, со повеќе од 10 години искуство во медицинската
индустрија. Има завршено Економски факултет на УКИМ.

Горазд
Поповски е роден во 1979 година, е дипломиран правник на УКИМ, а работи како
директор на Сектор за правни работи во Стопанска банка Скопје.

Сашко
Бошков е правник и работи како адвокат, е генерален директор на веледрогерија
Промедика од 2022 до денес.

Инаку, прв нога повлече акционерот „Скопски пазар“, компанијата која од неодамна е најголем акционер во „Македонијатурист“, и која во свој предлог до собранието најави дека сака да ги отповика претходните членови на НО, меѓу кои и некогашниот долгогодишен директор Доне Таневски, кој ги продаде сите свои акции и излезе од сопственичката структура. Имено, Скопски пазар побара да се одржи вонредна седница на Собранието на акционери, на 17 февруари годинава, на која како точки на дневниот ред е ставено гласање за одлука за отповикување на членовите на НО, и тоа Доне Таневски, Верица Хаџи Василева-Марковска, Владо Богдановски, и Ѓорѓи Јанчевски. Овој акционер предлага и да се изберат нови членови, но тие засега остануваат мистерија, бидејќи од компанијата не ги наведоа нивните имиња, туку веројатно ќе ги кажат на самата седница. Само најавија дека ќе бидат избрани четворица нови членови на НО, од кои еден ќе биде независен член, како и дека нивниот мандат ќе трае шест години. За нив ќе се определи одреден паричен надомест, но засега и висината на тој надомест останува тајна. 

Според најновата состојба на
централниот депозитар, Скопски пазар располага со 19,73 отсто од акционерскиот
капитал на таа хотелиерска компанија, потоа Промедика поседува 11,9 отсто, М.Г.
Фешн е исто така значаен акционер со 11,26 отсто од акционерскиот капитал,
10,47 отсто има акционерот Симеон Павлов, потоа со 10 отсто располага самата
компанија кои ги држи како сопствени акции, и 6,23 отсто поседува „Чеза комерц,
Симеон, Роберт и Виктор ДОО“.

Кој од овие предлози за членови на Надзорниот одбор ќе бидат избрани, ќе се знае на 17 февруари, а ќе зависи од тоа не само кој колку акции поседува, но и колку од помалите акционери ги контролира и ќе ги убеди да го дадат својт глас за неговите кандидати. Бидејќи, покрај овие крупните, во компанијата има околу 250 акционери домашни правни и физички лица, кои поседуваат заедно нешто над 30 отсто од акционерскиот капитал во компанијата, што воопшто не е мал акционерски пакет, па затоа битката ќе биде неизвесна. А, тој што ќе добие доминантен број членови во Надзорниот одбор, ќе биде практично и акционерот што ќе се дефинира како „главен“ во оваа хотелиерска компанија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy