
ЌЕ ОСТАНЕТЕ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ПРИПАЃАТЕ, ВО БАЛКАНСКАТА ДУПКА: Претседателскиот кандидат Приморац и се закани на Србија
Претседателскиот кандидат на Хрватска за претстојните избори, Драган Приморац на митингот во Шибеник вчера најави отворање на архивата на болницата Вуковар и ЈНА, повтори дека ќе ја спречи Србија да влезе во ЕУ доколку не ги открие локациите на масовните гробници.
Тој и порача на Србија дека никој никогаш не успеал да го исплаши, а нема ни Србија, но дека нема да дозволи да станат дел од ЕУ додека не ги исполнат неговите барања. „Време е да се разбудите, да сфатите што сте направиле и да ги дадете овие информации (локациите на масовните гробници), во спротивно ќе останете на местото каде што припаѓате, а тоа е балканската дупка“, рече Приморац.
Фото:Фејсбук/Драган Приморац

