Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ НЕМА ДИЗЕЛ, НОВА ЗАКАНА ЗА СВЕТОТ? Најголемата европска рафинерија е во дефект, а ова се погнозите за наредните месеци
Економија

ЌЕ НЕМА ДИЗЕЛ, НОВА ЗАКАНА ЗА СВЕТОТ? Најголемата европска рафинерија е во дефект, а ова се погнозите за наредните месеци

26/09/2023

AA

Цените на суровата нафта на светските берзи растат од крајот
на јуни кога се тргуваше по цена од 70 до 75 долари за барел. Повеќето аналитичари сметаат дека цената
ќе надмине 100 долари за барел до крајот на годината, а тоа би можело да ја
искомплицира ситуацијата со инфлацијата во ЕУ и во САД.

Состојбата со дизелот е уште полоша, пишува Index.hr.
Притоа, се наведува дека има изгледи за недостиг на светско ниво, а цената на
дизелот со месеци расте побрзо од цената на суровата нафта.

Поскапувањето на дизелот не само што ги погодува
сопствениците на приватни возила, туку се прелева и во целата економија.

Недостигот на дизел веќе се чувствува во целиот свет, преку
поскапувањето на тој вид гориво. На пазарот има недостиг од неколку десетици
милиони барели и покрај забавувањето на индустриската активност во Кина и ЕУ.

Всушност, производството сè уште не се вратило на нивоата
пред пандемијата. Русија реши да ја
искористи ситуацијата и драстично го намали извозот на таа енергија. Иако ова
првенствено се однесува на кинескиот пазар, бидејќи САД и ЕУ воведоа санкции
кон Русија, дефицитот поради послабиот увоз од Русија мора да се компензира со
увоз од други делови на светот.

Инаку, Кина е голем увозник на сурова нафта од Русија, но и
на нафтени деривати како што е дизелот. Извозот на Русија во првите 20 дена од
септември е за 30 отсто помал во однос на истиот број денови во август.

Истовремено, Кремљ во четвртокот отворено објави дека
воведува рестрикции за извозот на дизелот, со цел да се стабилизираат цените на
горивата на домашниот пазар. Најавено е дека оваа забрана ќе биде привремена,
но не се знае кога ќе биде укината.

Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан се изземени од
оваа забрана, но не и Кина.

Целно намалување на
производството на сурова нафта

Цените на дизелот и другите деривати на сурова нафта растат
и поради намалувањето на производството на сурова нафта што го спроведуваат
Саудиска Арабија и земјите од ОПЕК, меѓународната организација на земјите
извознички на нафта.

Дополнителна причина е недостатокот на рафинерски капацитет
во светот, проблем што постои уште од пандемијата.

Имено, намалувањето на производството на сурова нафта од
страна на големите извозници од Блискиот Исток има поголемо влијание на пазарот
на дизел отколку на пазарите на другите нафтени деривати, бидејќи нивната
„потешка“ сурова нафта произведува поголем дел од дизелот за време на
рафинирањето. Саудиска Арабија го
намали производството на сурова нафта за 1 милион барели дневно и најави дека
нема да го зголеми барем до почетокот на 2024 година. Истовремено, Русија
најави дека ќе го намали извозот за 300.000 барели дневно, што исто така ќе се
спроведува до почетокот на следната година.

ЕУ престана да увезува руски дизел, а најголемата рафинерија
во Европа не е во функција

Пред војната во Украина, ЕУ произведуваше најголем дел од
дизелот за сопствена потрошувачка од руската сурова нафта во своите рафинерии.
Но, таа беше и голем увозник на дизел од Русија, со учество на таа земја од
повеќе од 60 отсто во вкупниот увоз на ЕУ.

Само во февруари 2023 година ЕУ забрани увоз на дизел од
Русија. Дотогаш уделот на Русија во вкупниот увоз на дизел беше повеќе од 40
отсто, а во годините пред војната во Украина повеќе од 60 отсто. Оттогаш, официјално, дизелот повеќе не се
увезува од Русија, туку е заменет со увоз од Блискиот Исток и САД. Во суштина, САД извезуваат во просек по
200.000 барели дизел дневно од мај оваа година, а производството во самите САД
е за 200.000 барели помалку од 2019 година. Ова е алармантна ситуација, која сè
уште не станала проблем, единствено поради помалата потрошувачка на дизел во ЕУ
во 2023 година

Инаку, целата ситуација во ЕУ беше отежната со затворањето
на најголемата рафинерија во Ротердам. Во сопственост на Шел, таа обработува
повеќе од 400.000 барели сурова нафта дневно.

фото: EPA-EFE/SERGIO ORDUNEZ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy