Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЏЕЈМИ ДИМОН ПРОГНОЗИРА БУРНИ ОБЛАЦИ НАД ЕКОНОМИЈАТА: Директорот на банкарскиот гигант го даде првото интервју по големиот колапс
Економија

ЏЕЈМИ ДИМОН ПРОГНОЗИРА БУРНИ ОБЛАЦИ НАД ЕКОНОМИЈАТА: Директорот на банкарскиот гигант го даде првото интервју по големиот колапс

08/04/2023

AA

Директорот на
банкарскиот гигант, JPMorgan Chase, Џејми Димон истакнува дека иако банкарскиот
систем е силен и здрав, неодамнешните превирања во финансискиот систем се „уште
една тежина во рамнотежата“ кон рецесија.

Банкарската криза
предизвикана од неодамнешниот колапс на Silicon Valley Bank, која со себе ја
понесе и Signature Bank, ги зголеми шансите за рецесија во Америка, изјави во првото
интервју по колапсот на Silicon Valley Bank,  извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми
Димон.

– Гледаме дека
луѓето малку го намалуваат кредитирањето и се повлекуваат. Иако
банкарскиот хаос нема нужно да предизвика рецесија, тоа е рецесија – објаснува
Димон и додава дека над економијата висат темни облаци.

Сегашниот режим на заострување на Федералните резерви, плус
повисоката и построга инфлација и ситуацијата во Украина се најголемите ризици
што извршниот директор на JPMorgan ги гледа за економијата.

Но, тој додава дека се уште има надеж кога е во прашање
силата на човечкиот капитал во Америка.

На прашањето дали повеќе банки би можеле да пропаднат оваа
година, Димон дава нејасен одговор, но истакнува дека овие превирања не
наликуваат на финансиската криза од 2008 година.

Сепак, директорот смета дека е во ред некои банки да
пропаднат.

– Распаѓањето е во ред, едноставно не го сакате овој домино
ефект.

Димон предупреди дека регионалните банки и американските
потрошувачи треба да бидат „подготвени за повисоки каматни стапки подолго
време“.

– Не знам дали тоа ќе се случи, но бидете подготвени за таа
плима.

Тој додава дека верува дека Конгресот ќе донесе резолуција за плафонот на долгот во
следните неколку месеци, но дека може да има поголема економска болка пред да
се постигне договор.

Димон кој инаку беше
во деловниот советодавен одбор на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не мисли дека
обвинението против Трамп и кривичните пријави со кои се соочува поранешниот
претседател оваа недела ќе влијаат на економијата и верува дека поранешниот претседател
направил некои добри економски политики.

– Има политики што ги правел и се добри. Мислам дека
даночната реформа всушност донесе трилиони долари назад во Америка. Црнечката
заедница имаше најниско ниво на невработеност досега во последната година од
неговиот мандат.

ФОТО: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44920
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе скратена постапка против 46-годишен возач осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026

Доколку до 22 август 2026 година надлежното обвинителство не поднесе обвинителен акт против Артан Груби, тој по automatзам ќе биде

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy