Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе има предвремени избори и премиер Албанец? Еве што одговори Ковачевски…
Македонија

Ќе има предвремени избори и премиер Албанец? Еве што одговори Ковачевски…

17/03/2023

AA

Прашањето за предвремените парламентарни избори кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари е затворено – изборите ќе бидат во редовниот термин, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски, посочи, тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено парламентарно мнозинство со нејзината реконструкција од 65 пратеници со што е затворено прашањето на предвремени парламентарни избори.

-Изборите како што кажав уште од првиот ден ќе бидат во нивниот редовен термин, бидејќи јас не ги менувам ставовите за разлика од некого. Прво ќе има претседателски избори на кои ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори на кои повторно оваа коалиција ќе формира проевропска влада во Македонија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

На опозицијата и порача да се посвети повеќе на работа во општините, наместо, како што рече, само да повторуваат – предвремени избори.

Во однос за барањето за премиер Албанец на 100 дена пред изборите рече дека не е ништо ново и дека тоа беше објавено во 2020 година на прес-конференција после изборите на која присуствуваа тогашниот мандатар Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која се формираше коалициската влада.

-Така ќе биде и на изборите во 2024 година кога СДСМ повторно ќе победи на изборите заедно со својата коалиција и кога повторно ќе се формира проевропска влада во Македонија на чело со мандатар предложен од СДСМ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коалициските договори ги почитува. Премиерот кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, односно во последните 100 дена од мандатот на оваа Влада и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од редовите на СДСМ, потенцира Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy