Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА ГРКОТ ВО АТИНА ОД СТРАНА НА НАВИВАЧИ НА ДИНАМО? Цела Хрватска е на нозе, полицијата на готовс, еве ги деталите
Регион

ЌЕ ИМА ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА ГРКОТ ВО АТИНА ОД СТРАНА НА НАВИВАЧИ НА ДИНАМО? Цела Хрватска е на нозе, полицијата на готовс, еве ги деталите

15/08/2023

AA

Цела Хрватска е на нозе, особено Загреб пред натпреварот меѓу Динамо и АЕК, кој ќе се одигра во вторник навечер во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Сите стравуваат од одмазда за убиството на 29-годишниот навивач на грчкиот тим, Михалис Каџурис, во Атина пред седум дена.

Полицијата ќе има полни раце работа, бидејќи натпреварот е прогласен за високоризичен. Иако на навивачите на АЕК им е забрането да доаѓаат на мечот во Загреб, никој не може да гарантира дека тоа нема да се случи.

Планот за обезбедување на фудбалерите на АЕК и за одржување на редот и мирот околу „Максимир“ е веќе направен, тврди хрватската полиција за Јутарњи лист.

– Покрај основната, интервентната и специјалната полиција, во безбедносниот план е вклучено и ангажман на полицајци специјализирани за навивачки прашања. Тие оперираат во цивилна облека и имаат задача да го набљудуваат стадионот и неговата околина, како и можните собирни места за навивачите на Динамо. Како секундарни сили ќе бидат ангажирани полициски службеници од криминалистичката служба, пред се за обработка на приведени навивачи – изјави криминалистичкиот експерт Крешимир Антолиќ.

Посебно внимание беше насочено кон Италијанците и Французите, страв од напади со беспилотни летала

Она што е интересно е што посебно внимание ќе се посвети на граѓаните од Италија и Франција кои ќе престојуваат во Загреб. Причината е што навивачите на Ливорно и Марсеј се во братски односи со симпатизерите на АЕК.

Наводно постои ризик од злоупотреба на дронови, поради што ќе биде ангажирана и специјална полициска единица која би можела да реагира во случај на напад. Хрватите се сеќаваат во 2015 година кога во околината на стадионот беше пронајден дрон со солзавец, кој се обиде да го прелета Максимир, но падна.

Посебно внимание ќе биде насочено кон северната трибина каде што ќе бидат сместени Бед Блу Бојс поради нивната потенцијално агресивна акција. Во Хрватска, пак, се убедени дека се ќе помине без проблеми.

– Хрватската полиција и Динамо како организатори имаа серија натпревари од висок ризик и се помина во најдобар ред. Верувам дека така ќе биде и сега, затоа што сите во безбедносниот синџир имаат повеќе од доволно знаење и искуство за се да оди без проблеми – додава Антолиќ.

Телеграф.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy