Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА: „КОСТАЛ Македонија“ најави трет инвестициски циклус во Македонија вредeн речиси 50 милиони евра
Економија

ЌЕ ИМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА: „КОСТАЛ Македонија“ најави трет инвестициски циклус во Македонија вредeн речиси 50 милиони евра

05/06/2023

AA

Од Владата соопштија дека „КОСТАЛ Македонија“ ќе реализира трет инвестициски циклус во земјава вреден скоро 50 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи имаше средба со претставници на менаџментот на КОСТАЛ Групацијата.

На средбата е најавена новата, трета по ред, инвестиција на германската компанија за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“, која во земјава годинава одбележува седумгодишно постоење.

Се работи за нов инвестициски проект на „КОСТАЛ Македонија“ во Охрид за производство на полначи за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – декември 2026 година во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигнат 150 милиони евра. Бројот на нови работни места кои ќе бидат дополнително креирани за овој инвестициски циклус ќе биде над 300 лица.

Премиерот  ја поздрави новата инвестиција на „КОСТАЛ Македонија“, потенцирајќи дека проширувањето на инвестицијата на оваа, како и на другите компании основани од странски инвеститори во земјава е показател за добрите политики на Владата за создавање поволен и предвидлив амбиент за инвестирање.

Со проширувањето на постоечките и вложување во нови инвестиции, како што нагласи Ковачевски, се испраќа силна порака во светот за поддршката која Владата ја обезбедува за актуелните и потенцијални инвеститори.

Директорот на „КОСТАЛ Македонија“, Виктор Мизо информираше дека досега компанијата има вложено над 100 милиони евра во фабриката во Охрид, а планот е да се започне со производство со воведување на најновите SAC (Smart Actuator Charging) технологии и системи за полнење од групацијата Фолксваген, истите ќе бидат вградени во најновите модели на: Фолксваген, Шкода, Сеат, Ауди и Порше. Системите за полнење на овие светски брендови за сите хибридни и електрични возила ќе бидат произведувани во Република Северна Македонија. „КОСТАЛ Македонија“ ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите.

На средбата, директорот Мизо ја нагласи важноста на државната помош која „КОСТАЛ Македонија“ ја користи од првиот ден на своето постоење, и до сега има добиено финансиска помош во износ од 12,5 милиони евра, а сега во компанијата работат 1.020 вработени со просечна плата далеку над просекот во државата.

 
Дополнително „КОСТАЛ Македонија“ инвестира и во производство на најновите кровни модули кои ја користат последната SkinTec технологија која се користи за најексклузивните модели на Daimler како што се: Mercedes EQS, EQE, C + S CLASS, AMG SL.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy