Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ЛИ МЕРКИ ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА? Еве што вели Мицкоски
Економија

ЌЕ ИМА ЛИ МЕРКИ ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА? Еве што вели Мицкоски

09/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во вторик на владина седница Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) треба да поднесе извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи и оти се можни мерки во однос на контрола на цените.

-Очекувам реферирање на следната седница на Влада, во вторник. Мислам дека Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредни параметри. Ако тоа не се почитува од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме поинаков тип на дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно. Оваа акција ќе биде проширена бидејќи не само супермаркетите или хипермаркетите, предмет на анализа ќе бидат и други економски оператори како аптеки, продавници за бела техника. Не може некои производи во соседните земји да бидат два – три пати поевтини отколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека ги разбира граѓаните и нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите, но смета дека решението треба да се бара со разговор помеѓу сите засегнати страни.

-Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено тогаш како Влада ќе мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме преку дијалог да дојдеме до заедничко решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, беше нарушена довербата помеѓу Владата и трговците, додаде Мицкоски.

Премиерот не ја исклучи можноста да се донесат мерки во однос на цените на производите уште на седницата во вторник, на која ќе реферира и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, а на која ќе бидат поканети и други надлежни институции.

Премиерот Мицкоски ја најави и изградбата на нов автопат од Букојчани до Кичево, со што ќе се направи комплетно ново автопатско поврзување од Тетово, преку Гостивар, Букојчани, Кичево до Охрид. Останува дискутабилен уште делот од Требеништа до Ќафасан, бидејќи како што рече, станува збор за дел кој влегува во зоната заштитена од УНЕСКО, за што се бара решение.

-Проектот од Букојчани до Кичево ќе биде финансиран со заем од ЕБРД, од околу 130 милиони евра, од нив 20 – тина милиони гранд компонента. Очекувам да биде завршен крајот на 2028 или првата половина на 2029 година кога се планира и овој другиот прокет од Тетово до Букојчани да биде завршен со што ќе добиеме една комплетна целина. Сега е објавен јавниот повик кој што е претквалификација. Очекувам до март да заврши и потоа да се објави повик за компаниите на кој ќе се квалификуваат и да ја избереме најдобрата компанија. Очекувам тоа се да заврши до крајот на годината, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy