
Ќе има ли ДУИ кандидат на претседателските избори? – Џафери: Јас ја претставувам Владата, одете до Речица и седнете со лидерот!
Претседателот на Владата, Талат Џафери денеска, по новинарско прашање за тоа дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.
„Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција“, посочи Џафери.