Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе го спасува ли ФЕНИ една голема македонска компанија?
Економија

Ќе го спасува ли ФЕНИ една голема македонска компанија?

01/12/2023

AA

Се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). Доброупатените велат дека банката најголем доверител преговара за ФЕНИ со Илија Гечев, сопственикот на ИГМ Трејд – една од најголемите и најуспешни македонски компании. Доброупатените велат дека многу изгледна опција е лицитацијата на имотот што банката го има под хипотека. ИГМ е ликвиден, солвентен, ако не од прва може да лицитира на втора и да добие и ново кредитирање за рестарт на „ФЕНИ“…

„ИГМ Трејд“, најголемата македонска компанија за производство на челични производи, ќе подаде рака за спас на гигантот „Еуроникел Индустри“ (поранешно ФЕНИ), дознава „Фактор“ од доброупатени бизнис кругови блиски до банката најголем доверител на кавадаречкиот комбинат кој е во незавидна финансиска положба.

Според изворот во тек се преговори меѓу банката и еден од најуспешните македонски бизнисмени Илија Гечев, основач и ко-сопственик на „ИГМ Трејд“. Од тоа што го дознавме станува збор за поддршка на „Еуроникел индустри“ на определно време. Во тој дефиниран временски период во кој „ИГМ Трејд“ би бил како покровител би требало да бидат реализирани активности за консолидација на компанијата, решавање на снабдувањето со никелова руда и започнување на период за подигање на производството.

За жал иако се обидовме, не успеавме да добиеме одговор од „ИГМ Трејд“ за оваа информација која засега е во сферата на шпекулации.

Илија Гечев води успешен долгогодишен бизнис со производство на челични цевки и профили во неговата компанија „ИГМ Трејд“. Ова друштво е основано во сега веќе далечната 1994 година. Сега ИГМ Трејд има речиси 500 вработени во фабриката со вкупна површина од 400.000 квадратни метри.

Минатата година Гечев е на листата најбогати Македонци што ја прави угледниот светски магазин „Форбс“. Неговата компанија е една од најуспешните фирми во Македонија, лани имаше приход од 155 милиони евра, а добивката изнесуваше 31,3 милиони евра.

Што се однесува до гигантот „Еуроникел индустри“ како што веќе пишувавме оваа компанија е во многу незавидна финансиска состојба. Производството е прекинато, неговите вкупни обврски надминуваат 100 милиони евра, а само кон една голема македонска деловна банка оваа компанија должи над 35 милиони евра.

Вработените во екс ФЕНИ над 800 лица, речиси сите од Тиквешкиот регион, се без плати, компанијата нема средства за струја која е неопходна да се одржува топилницата односно печката во функционална состојба.

 Упатените велат дека најнеизвесно, а воедно и клучно прашање за опстанокот на „Еуроникел индустри“ е да се обезбеди редовно и непрекинато снабдување со квалитетна никелова руда. За да може да работи топилницата.

А предуслови за работењето на комбинатот се нормализација на цените на струјата неопходна за топење на рудата во комбинација со добра берзанска цена на никелот.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy