Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20% од акциите на оваа железарска компанија!
Економија

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20% од акциите на оваа железарска компанија!

09/01/2025

AA

Над 3.100 мал акционери во РЖ Економика кои се домашни физички лица и поседуваат 29% од акциите во таа компанија, согласно Законот за превземање компании, треба да добијат понуда за откуп на нивните акции. Цената по акција би требало да биде 50 денари затоа што тоа е цената по која таа акција се тргувала цела година наназад

Кавадаречката компанија ГМЛ одлучи во новата година да влезе со значајно вложување во акции на РЖ Економика, една од фирмите кои произлегоа до поделбата на скопскиот социјалистички гигант „Рудници и железарница“.

Кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември купи 20 отсто од акциите на РЖ Економика и со тоа стана најголем поединечен акционер во таа железарска компанија. Сега ГМЛ поседува 40 отсто од сите акции во РЖ Економика.

Од официјалната евиденција достапна на веб страницата на Македонската берза евидентно е дека во декември се склучени две трансакции со акциите на РЖ Економика. При тоа се истргувани 107.324 акции со право на глас. Единечната цена за акција изнесува 50 денари, а вкупната сума за истргуваните акции изнесува безмалку 90.000 евра. Сите акции во двее трансакции ги купил ГМЛ од Кавадарци.

Цената по која е тргувана акцијата е идентична со цената по која таа акција се тргувала цела година наназад. Факт е дека таа акција не е меѓу најатрактивните на Македонската берза и дека се тргува ретко. Факт е дека оваа компанија не дели дивиденда, но и дека работата не и оди најдобро во последните три години од аспект на профитабилност. Приходот од продажба лани изнесувал над 300.000 евра, а добивката била само 10.000 евра. Оваа компанија не делела дивиденда во последните три години, а во претпоследните две години работела со загуба.

Книговодствената вредност на акцијата изнесува 320 денари, но нејзината пазарна вредност не надминала 50 денари за акција. Оваа скопска компанија претежно се занимава со трговија на големо и на мало со резервни делови. Освен тоа издава и сопствен деловен простор, а работи и сметководствено-финансиски консалтинг.

Од акционерската структура е видливо дека од почетокот на годинава меѓу поголемите поединечно акционери го нема домашното физичко лице Ванчо Ангелов кој претходно поседуваше 14 отсто акции во компанијата.

Според акционерската книга РЖ Економика освен ГМЛ има уште два големи поединечни акционери. Втор по голема, по ГМЛ, е скопскиот челичарски гигант „Макстил“ кој поседува 20,1 отсто од акциите, а трет најголем поединечен акционер е Фирст Поинт МН од Скопје. Оваа фирма поседува 8 отсто од акциите во РЖ Економика.

 ГМЛ од Кавадарци не е компанија што е широко позната во македонската јавност, но во стручнатафела од која доаѓа е позната како една од најдобрите македонски компании специјализирани за изработка на бигувани мрежи и плетени сита за потребите на каменоломите во Македонија.

Што ќе донесе оваа промена за повеќе од 3.000 мали акционери – домашни физички лица? Согласно Законот за превземање компании секој акционер што ќе оформи пакет во кој има над 25 отсто од сите акции со право на глас треба да поднесе јавна понуда за откуп на сите слободни акции.

Ако биде така цената за акција нема да биде повисока од 50 денари затоа што тоа е цена по која таа акција се тргувала цела година наназад.

Н.С. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy