
ДЗСИ излезе на терен – се врши надзор во УК за гинекологија!
Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека се врши вонреден инспекциски надзор.
Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба.
По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана.