
ДЗС: Зголемен откуп, но намалена продажба на сопствено земјоделско производство
Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2025 година достигнаа вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, што претставува зголемување од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, откупот од индивидуалните земјоделски производители бележи пораст од 26,4 проценти, додека продажбата на производи од сопствено производство е намалена за 5 проценти.