Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЗР во неверување,од концесија на рудници државата за четири години наплатила само 45 милиони евра
Економија

ДЗР во неверување,од концесија на рудници државата за четири години наплатила само 45 милиони евра

13/06/2024

AA

Од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра. Иако компании прават огромни профити од експлоатација на квалитетен мермер во Македонија, од тоа се наплатени само 1,7 милиони евра за отстапување на националниот ресурс во период од овие четири години. Дека добивките на концесионерите се огромни, забележа и „Фактор“ во својата анализа.

„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022
година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра )
концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра )
надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони)
евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади
денари по основ на камата по двата основи.
Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување
дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните
институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување
на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена
наплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над
реализацијата на склучените договори“, констатира Државниот завод за ревизија 

Според ДЗР, висината на надоместоците за користење на простор кои се определени
во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

„Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на
најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7
милиони евра за период од 2018 – 2022 година претставуваат 1 отсто од
остварените приходи од продажба на концесионерот“, заклучува ревизорот.

Во овој четиригодишен период дури 19 милиони евра од вкупната сума била наплатена со задоцнување во однос на законски утврдениот рок.

Според испитувањето што го направил ДЗР, двајца концесионери експлоатирале минерални суровине на 9.989 метри квадратни дива површина која не била регулирана, односно ограничена со договорите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за

30/09/2026
Македонија

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА

30/09/2026
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45887
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за темите што ги кочат евроинтеграциите

30/09/2026

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евроинтегративниот пат и дали ќе

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА Им се придружија на останатите

30/09/2026

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги уапсија тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар Самоил нема да им прости

30/09/2026

Во Бугарија има поделени реакции – од еуфорија до критики, по договорот Атина да ѝ ги даде на Софија останките

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy