Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЗР со неповолно мислење за Државниот архив – утврдени слабости и неправилности
Македонија

ДЗР со неповолно мислење за Државниот архив – утврдени слабости и неправилности

12/02/2026

AA

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Државниот архив, покажува ревизорскиот извештај објавен денеска.

Во документот се наведуваат слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите, како и во давањето попусти и подароци. Констатирани се и исплати на надоместоци без законска основа, плаќање данок на додадена вредност за услуги поврзани со основната дејност, како и слабости во спроведувањето и реализацијата на јавните набавки.

ДЗР изразува неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Архивот за 2024 година, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата е утврдено и дека не се исполнети основните услови што треба да ги поседуваат депоата за заштита на архивскиот материјал, како и дека постојат слабости во заштитата од неовластен пристап. Дополнително, не било вршено ажурно и хронолошко евидентирање на движењето на залихите на публикуваните изданија.

Во извештајот се потсетува дека ДЗР и претходно вршел ревизија на Архивот. За 2016 година исто така било изразено неповолно мислење, а во 2018 година била спроведена проверка на реализацијата на препораките, при што било констатирано дека трите дадени препораки се спроведени.

Од ДЗР информираат дека од одговорните лица на Државниот архив биле доставени забелешки на Нацрт-извештајот за ревидираниот период. Дел од забелешките не биле прифатени, бидејќи не биле доставени нови докази што би довеле до промена на утврдените состојби, додека дел претставувале појаснувања за причините или најави за мерки што ќе се преземат, вклучително и со донесување на нов Закон за архивски материјал и архивска дејност.

За надминување на утврдените состојби, ревизорите дале препораки со цел преземање соодветни мерки од надлежните лица и органи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy