Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двочасовен протест на судската администрација во Гостивар
Македонија

Двочасовен протест на судската администрација во Гостивар

15/09/2023

AA

Педесетина вработени, референти, стручни соработници, технички персонал и административци од Апелациониот и Основниот суд Гостивар со двочасовен протест пред судската зграда искажаа незадоволство од неисполнување на барањата за покачување на платите и додатоците. Меѓу поважните нивни барања се зголемување на минималната плата од 78 проценти и редовно исплаќање на 35 проценти за додатоци на судските службеници.

Претставникот на Независниот синдикат на државна администрација во Гостивар, Игор Симески во обраќањето до јавноста напомена дека незадоволството и револтот произлегуваат од долгогодишни напластени проблеми во судската служба и непокачување на платите и неисплаќање на додатоците на плата кои со закон се предвидени.

– Исто така најавуваме дека доколку во скоро време не се решат нашите барања ќе пристапиме кон порадикални мерки на искажување на нашиот револт. Ние сме служба ксо најниски примања во државната администрација што како за еден од столбовите на државата – независна власт, воопшто не содејствува со работата која ја работиме, рече Симески.

Новоформираната синдикалната организација во Гостивар засега има педесетина членови, но како што нагласија синдикалните претставници, ја имаат поддршката од останатите вработени во двата судови, судии и претседатели. За време на протестот, тврдат дека не ја нарушуваат работата на судовите.

Последното покачување на платите од десет проценти, од овој синдикат го оценија како срамно, бидејќи како рекоа станува збор за нецели две илјади денари зголемување. Одлуката за можен штрајк ќе биде донесена откако ќе се исцрпат сите форми на протест.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy