
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
Крвавата драма се случи попладнево во Велес, кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и со нож и нанело повеќе убоди. Потоа, истиот со нож го нападнал и нејзиниот татко. По нападот, момчето си го одзело животот, дознава Дума.мк.
Од Општата болница во Велес потврдија дека по 16 часот во Ургентниот центар биле донесени две лица – едно женско и едно машко.
Д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес:
„Прво беше примено женско лице избодено со нож на повеќе места на телото. Лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно. Потоа беше донесено и машко лице кое не давало знаци на живот, па не можеше да се укаже лекарска помош. Во двата случаи беше констатирана смрт.“
Потпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, најави дека јавноста ќе биде информирана со официјални детали за случајот.

