Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двете нови патарини и зголемената акциза го наполнија буџетот на „Државни патишта“ до врв
Економија

Двете нови патарини и зголемената акциза го наполнија буџетот на „Државни патишта“ до врв

06/03/2023

AA

Отворањето на двете нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип, Преод и Кадрифаково, на почетокот на јули 2022 донесе рекордни приходи за „Државни патишта“ за дополнителни два милиони евра за само три месеци.

Извештајот од ланскиот трет квартал што го објави државното претпријатие покажува дека во месеците јули, август и септември биле наплатени 18,185 милиони евра, што е за 12,6 отсто повеќе во однос на истото тримесечие од 2021 година.

Инаку, граѓаните кои возат автомобил, двете патарини ги чинат дополнителни 240 денари во двата правци. Оваа делница беше последната на која што немаше изградено наплатни станици на автопатската мрежа низ земјава.

Автопатот Миладиновци – Штип беше пуштен во употреба во јуни 2019 по речиси две години одложување, а за патарините се чекаше три години. Возачите кои патуваат од Скопје до  Штип плаќаат и патарина кај Куманово која чини 40 денари. 

Од 1 јуни 2022 година истече и времената владина антикризна мерка со која беа намалени цените на горивата, акцизите и ДДВ-то. Драматичниот раст на цените на нафтата и нафтените деривати се поклопува со овој период во кој ЈПДП има зголемување од дури 42 отсто кај приходите од дел од акцизата за горива.

Акцизата му донела на „Државни патишта“ за три месеци 22,7 милкиони евра, што е најголем приход од сите ставки. Раст има и од наплатата при регистрации на возила од 504 на 542 милиони денари.

Севкупната наплата на претпријатието од граѓаните е огромни 50 милиони евра од 1 јули до 31 септември лани, а растот е 23,3 отсто. Трошоците од работењето истовремено се многу помали, па добивката во овој квартал е 41,8 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy