
ДВЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРОФИТИРААТ: Ќе има недостиг на бакар
Светот се соочува со невиден недостиг на бакар. Тој допрва ќе биде атрактивен за странските купувачи. Победници на бакарниот бум ќе бидат главно две држави, Чиле и Перу, проценува BMI. Тие имаат големи резерви на литиум и бакар и ќе имаат корист од зголемените инвестиции и повисокиот извоз. Чиле има околу 21 отсто од светските резерви на бакар.
Зголемената побарувачка поттикната од транзицијата кон зелена енергија и веројатното слабеење на американскиот долар во втората половина на 2024 година ќе ги зголеми цените на бакарот, се наведува во извештајот на BMI, истражувачката единица на Fitch Solutions.
На неодамнешната конференција за климатски промени COP28, повеќе од 60 земји го поддржаа планот за тројно зголемување на глобалниот капацитет за обновлива енергија до 2030 година, што, според Ситибанк, „би било исклучително поволно за бакарот“.
Во декемврискиот извештај, американската инвестициска банка предвиде дека поамбициозните цели за обновлива енергија ќе ја зголемат побарувачката за бакар за дополнителни 4,2 милиони тони до 2030 година.
Тоа потенцијално би ги зголемило неговите цени на 15.000 долари за тон до 2025 година. Тоа е значително над рекордните 10.730 долари за тон постигнат во март лани.
На почетокот на месецов, се зголемија цените на златото и среброто.
foto freepik.com/alexgrec
