Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга – 60 отсто преферираат да отидат на шалтер
Македонија

Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга – 60 отсто преферираат да отидат на шалтер

19/03/2023

AA

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Според анкетата, 58,2 проценти од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9 отсто велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн.

Истражувањето покажало дека повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години, само 19,1 отсто услугата би ја завршиле онлајн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44 проценти.

Според образовната структура, истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така, ако 62,1 отсто од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6 проценти од оние кои немаат завршено ни основно образование.

Анкетата покажува дека над две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга во некоја јавна институција. Додека само 26,5 проценти изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции, а дури 69,2 отсто никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн.

Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство. Дури 87,4 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции, додека само 11,6 проценти велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6 отсто користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6 проценти и катастарот со 7,8 отсто.

Граѓаните во мнозинство велат дека не стравуваат за своите лични податоци со кои располагаат државните институции, иако, една третина од анкетираните сè уште се скептични. Процентот на оние кои сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени е 44, а 32,1 отсто сметаат дека не се.

Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните пет години. Од анкетираните, 35 отсто сметаат дека денес не е ниту полесно, ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред пет години, 30,3 проценти сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7 отсто сметаат дека се добиваат потешко.

Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3 отсто од анкетираните, додека 23,7 проценти се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки.

Споредбата со истото прашање кое „Детектор“ го имал пред четири години покажува дека граѓаните денес во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy