
ДВЕ ПОКРАИНИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ: Има мало зголемување на невработеноста во Германија
Малку се зголемила невработеноста во Германија. Највисоки стапки на невработеност сè уште има во сојузните покраини Берлин и Бремен, а најниски во Баден-Виртемберг и Баварија.
Невработеноста изнесувала 5,9 отсто во ноември, а била 5,8 отсто во октомври, објави денеска германската Федерална канцеларија за труд. Бројот на невработени во Германија се зголемил за 22.000 лица, односно има вкупно 2,702 милиони невработени.
На годишно ниво, бројот на невработени е зголемен за 175.000 во однос на ноември лани. Во ноември во Германија имало 733.000 слободни работни места или 90.000 помалку од истиот месец минатата година. Инфлацијата во еврозоната се намали повеќе од очекуваното на 2,4 отсто во ноември, што е најниско во последните две години.
foto freepik.com
