Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две млади жени се уапсени во Иран бидејќи танцувале на улица
Македонија

Две млади жени се уапсени во Иран бидејќи танцувале на улица

09/03/2024

AA

Две млади жени се уапсени во Иран по објавувањето на видео на кое тие танцуваат за да го прослават доаѓањето на персиската Нова година, објавија денеска локалните медиуми, цитирани од агенцијата Франс прес.

Во последниве денови, видеото од двете млади жени кои танцуваат во близина на плоштадот Тајриш, популарно место во северен Техеран, стана вирално на социјалните мрежи.

„Техеранскиот обвинител нареди апсење на две жени кои ги прекршиле општествените норми танцувајќи на плоштадот Тајриш“, објави новинската агенција Тасним.

Двете млади жени беа маскирани во Хаџи Фируз, фолклорен лик облечен во црвено, чии танци и песни го најавуваат доаѓањето на Новруз, иранската Нова година, која оваа година започнува на 20 март.

Исламскиот закон во Иран им забранува на мажите да танцуваат со жени или само жените да танцуваат во јавност, соопшти АФП.

Во последниве месеци, бројни видеа од жени кои танцуваат на јавни места, особено во метрото, станаа вирални во Иран по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на 22-годишната иранска Курда Махса Амини, која беше уапсена од страна на моралната полиција за непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy