Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две лица загинаа: Страшна несреќа кај Бигорскиот манастир
Македонија

Две лица загинаа: Страшна несреќа кај Бигорскиот манастир

02/01/2026

AA

Две лица ги загубиле животите во сообраќајната несреќа што се случи денеска попладне кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, станува збор за возачот и негов сопатник кои биле во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, кое се движело на регионалниот пат Маврово – Дебар.

„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолксваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото“, велат од МВР.

Оттаму додваат дека увидот на местото на несреќата е сè уште во тек.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во меѓувреме, информираа дека од 18:30 часот сообраќајот на патот Маврово – Дебар е во прекин поради извлекување на возилото од водите на реката Радика. Оттаму, исто така, потврдија дека во сообраќајната несреќа има загинати, без да прецизираат за колку лица станува збор.

Претходно од ЦУК информираа дека, сообраќајната несреќа била пријавена во 15:48 часот во дежурниот центар Е-112 Охрид.

Пријавителот во телефонски разговор со службениците во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, рекол дека возилото се движело со поголема брзина и во еден момент изгубило контрола, почнало да се лизга на коловозот, по што се превртело и паднало во реката Радика, на локација после манастирот „Свети Јован Бигорски“.

На местото, како што информираа од ЦУК, покрај полициските екипи од Полициската станица Ростуше, биле упатени и припадници на гостиварската Територијална противпожарна едница, како и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy