
Две лица во болница, повредени во пукање во Ист Гејт!
Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk информираат дека две лица се повредени по пукање во шопинг центарот Ист Гејт.
„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР за 4news.mk.