Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ЛЕЖАЛКИ 40 ЕВРА, НАСТРЕШНИЦА 125 – американска тиктокерка е шокирана од цените на хрватските плажи
Економија

ДВЕ ЛЕЖАЛКИ 40 ЕВРА, НАСТРЕШНИЦА 125 – американска тиктокерка е шокирана од цените на хрватските плажи

04/07/2023

AA

Истиот тој прекрасно син Јадран веќе не е толку привлечен за мнозинството Хрвати, а како и би бил кога едвај врзуваат крај со крај и живеат од први до први во месецот кога имаат плата од околу илјада евра ( за некои, многу помалку). Затоа, многумина со носталгија се сеќаваат на некое одамна поминато време кога среќно летуваа во сопствената земја, која сега им стана вистински луксуз бидејќи малкумина можат да си го дозволат тоа.

Не е ни чудо што многумина летните месеци ги поминуваат во, на пример, поевтина Турција, Грција или Египет, каде што нема да мора да трошат 40 евра дневно за обична лежалка на плажа и да се грижат дали ќе можат да го преживеат денот со сто евра, пишува Јутарњи лист.

Тешко дека ќе можат да го направат тоа летово на хрватското приморје ако планираат, на пример, два оброка, пијачка, кафе и посета на туристички атракции. Ако на тоа се додаде и цената на ноќевање, дневната сума вртоглаво расте.

Она што изминативе денови исфрли многу луѓе од колосек е дневното изнајмување на лежалка на Хвар, кое од 40 куни порасна на 40 евра за една година. Сето ова на социјалните мрежи го објави американската тиктокерка Ниав, којз од 18-годишна возраст патува низ светот, занимавајќи се со дигитален маркетинг.

Таа продолжи да живее во Хрватска откако ја посети за прв пат, по укинувањето на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

– Четири години не сум била на Хвар, а во меѓувреме Хрватска и хрватското приморје се префрлија на еврото… Погодете колку чини да изнајмите лежалка овде – вели Ниав во видеото и додава дека била шокирана. 

Многу луѓе ја поддржаа во коментарите и напишаа дека цените се навистина превисоки, а и на коментарот дека Хрватска стана недостапна за локалното население. Ниав напиша дека е шокантно колку поскапеле. Некои коментатори истакнаа дека инфлацијата не е единствениот проблем, туку алчните ресторани, а популарните туристички атракции како Дубровник или Хвар ги нарекоа синоним за скапи.

– Само ја сменија валутата во евра, но цените останаа исти. Лежалката порано чинела 40 куни, а сега чини 40 евра – напишал еден корисник.

Мало истражување на „Слободна Далмација“ покажува дека изнајмувањето лежалки може да се претвори во еден од најпрофитабилните бизниси на Јадранот.

Па да почнеме од Сплит. Доколку сакате да пливате во подножјето на Марјан, на плажата Кашјуни, која е популарна меѓу туристите, но и геј популацијата, изнајмувањето лежалка за цел ден во Хрватска ќе ве чини 35 евра, па ’само’ пет евра помалку од Хвар. Само за споредба – лани во ова време цената на изнајмување лежалки на Кашјуни беше 25 евра. 

Изнајмувањето лежалка и чадор во Дубровник чини 33 евра, а изненадувачки е што ако одите само неколку километри јужно, кон општина Дубровник, на пример во населбата Млини, ќе платите само пет евра за лежалка за цел ден, а четири евра за чадор. Ова е редок пример за добра цена, бидејќи цените за изнајмување од Дубровник сè до Истра се движат во просек од 15 до 20 евра. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy