Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две фирми поврзани со Заеви први одбиени да произведуваат електрична енергија
Економија

Две фирми поврзани со Заеви први одбиени да произведуваат електрична енергија

16/06/2025

AA

Две фирми од Струмица за производство на електрична енергија во сопственост, односно блиски до семејството Заеви, на крајот на мај се одбиени во нивните барања до Регулаторната комисија за енергетика да започнат со работа, иако претходно ги поминаа сите геодетски филтри кај општините и Министерството за транспорт.

Барањата со комплетираната документација за големите фотоцентрали биле поднесени лани, во меѓувреме биле подигнати високи кредити и поставувана била опремата, но на крај Соар Енерџи Груп и Ековат – Груп се единствените две друштва за производство на електрична енергија за кои што со посебни акти им се одбиени барањата за доделување на привремена лиценца.

Соар Енерџи Груп имал намера од три фотоцентрали со висока вкупна моќност од околу 24 мегавати да произведува струја во Валандово. Во сопственост е на Тотал Инженеринг на Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, како и на Бобан Заев Холдинг на братучедот Бобан Заев. Финансиската изложеност на „Соар Енерџи Груп“ во моментов е 6,5 милиони евра, а обврските лани достигнале до 8,5 милиони евра.

Ековат – Груп инвестирала во три фотоцентрали во Сушица, Ново Село,  со вкупна инсталирана моќност од 10 мегавати. Лани направила расходи од половина милион евра. Годишната финансиска изложеност е поголема од 600.000 евра, а билансот за лани покажува дека обврските достигнале 14 милиони евра. Сопствеништвото е поврзано со Симеон и Горан Крстеви, познати како бизнис партнери на семејството Заеви. Индиректно во сопствеништвото фигурирале и две фирми кои имаат потекло од Бугарија – „Грал“ и „Зунче“.

Од Регулаторната комисија за енергетика добивме одговор дека двете фирми се одбиени во последниот филтер затоа што не може соодветно да се приклучат на мрежата и дека досега вакво одбивање со посебен акт имало само за непрофитни организации како Фудбалската федерација на Македонија и Фондот за пензиско осигурување.

„РКЕ ги одби барањата за привремени
лиценци на Соар Енерџи груп Доо Струмица и Ековат – Груп Доо Струмица за
производство на електрична енергија, поради тоа што не е реализиран условот
предвиден во Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивна
мрежа. Во Решението се предвидува дека е потребно да се изврши најпрвин надоградба
на соодветните трафостаници, со цел да се овозможи приклучок на новите
производствени капацитети“, ни рекоа од регулаторот.

Од таму додаваат дека одлуките се конечни и дека на двете фирми им преостанува единствено да се жалат по судски пат.

„Одлуките на РКЕ се конечни и по истите може
да се поведе спор пред Управниот суд. Во исто време Ве информираме дека овие
друштва имаа поднесено барање за привремени лиценци, кои новиот Закон за
енергетика не ги препознава. Доколку се променат условите и се изврши
надоградба на соодветните трафостаници, друштвата може да поднесат нови барања,
согласно новиот Закон за енергетика за пробна или трајна лиценца“, ни одговорија од комисијата.

Познавачите велат дека привремена лиценца рутински им се доделува на компаниите непосредно пред да започнат со производство, пред да ја добијат трајната лиценца која следува за околу половина година потоа. Испративме и прашања до ЕВН Електродистрибуција за тоа какви се условите за приклучување на овие проекти, но досега оттаму не добивме одговор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy