Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ФИРМИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА МЛАДИОТ ОХРИЃАНЕЦ ЉУШЕВ Заградата во градба и отворите за лифтови биле сосема небезбедни
Македонија

ДВЕ ФИРМИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА МЛАДИОТ ОХРИЃАНЕЦ ЉУШЕВ Заградата во градба и отворите за лифтови биле сосема небезбедни

28/01/2026

AA

За стравичната трагедија, во која при пад во отвор за лифт загина 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми, објави ТВ Алфа.

По двонеделното темелно истражување на околностите, трудовите инспектори утврдиле дека двете фирми не ги исполнувале законските прописи за безбедност при работа на градилиште, но во интерес на истрагата, не се открива за кои фирми станува збор.

Младото момче, кое работело во фирма за уредување на ентериери, настрадало додека со колега носеле дел од лежај долг речиси два метра во зграда која била во изградба. Инспекторите времено дале забрана за работа на градилиштето за сите правни субјекти – инвеститор, изведувач и надзор.

Неколку дена пред трагедијата, таткото на Кристијан отишол да му го однесе паричникот. Тој пренесува во каква состојба била зградата на која се работело.

– Јас се качив, влегов слободно во таа зграда, во тој влез до втор кат некаде. На скалите му го дадов новчаникот и прво што приметив, со мојата возраст и некое искуство во животот, е дека има отвори во зградата, дупки на лифтовите, огради нема. Прво, мене ме фати страв и веднаш му реков на син ми: пазете се, ова страшно е. Очекувам правда за детето. Детето не може никој да ми го врати назад, но треба да има една правда, да се знае дека некој одговарал – вели Валентин Љушев, татко на Кристијан.

ТРАГИЧНО НАСТРАДА МЛАД ОХРИДСКИ ФОТОГРАФ, СНИМАТЕЛ И ПРОДУЦЕНТ Кристијан Љушев паднал од зграда во изградба

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy