
ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Се урна дел од ѕид во училиште во Србија
Се урна дел од ѕид во училиште во Пеќинци во Србија и повреди две девојчиња.
Настанот го потврди таткото на едно од девојчињата за Н1. Девојчињата се префрлени во Тиршово. Во Полициската управа на Сремска Митривица за Н1 изјавиле дека полицаец е упатен во училиштето со цел да се утврдат околностите на настанот.
Лани на 1 ноември, се урна натстрешница на Железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 14 луѓе на лице место, а потоа почина и една од повредените девојки. Студентите потоа почнаа протести со барање за одговорност.

