
ДВАНАЕСЕТ МЕСЕЦИ СТАЖ ПО ДЕТЕ: Нови привилегии за мајките во Хрватска
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека мајките кои ќе одат во пензија ќе добиваат по 12 месеци стаж по дете. Тоа е промена во однос на сегашните 6 месеци.
Тој најави стратегијата за демографска ревитализација до 2033 година.
„Преку населението, даноците, станбените и социјалните политики го зајакнуваме семејството како јадро на хрватското општество. Во изминатите седум години тројно го зголемивме родителскиот додаток од 353 на 995 евра, а целта ни е да го достигнеме нивото на целосна плата“, вели премиерот.
Со новиот Закон за детски додаток се зголемува бројот на семејства кои примаат додаток од 126 на 271 илјада, а бројот на деца од 247 на 511 илјади.
foto freepik.com