Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дваесет години затвор за Кавадарчанецот кој со нож уби сограѓанин, пресудата стана правосилна
Македонија

Дваесет години затвор за Кавадарчанецот кој со нож уби сограѓанин, пресудата стана правосилна

23/05/2023

AA

Кавадарчанецот Сафет Хамза (47) доби 20 години затвор за убиството на Зулфи Паша (57), исто така oд Кавадарци. Оваа пресуда на Основен суд Кавадарци, ја потврди Апелација Скопје и таа е правосилна, објави СДК.

Убиството со умисла се случи на 16 ноември 2021 година, во два часот по полноќ, во Кавадарци во Брушарско Маало, по расправија за старателство над дете. Според обвинението, Хамза го убил Зулфи нанесувајќи му два убоди со нож во градите. Убиството се случило при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата Методија Џунов-Џикот во Кавадарци. Зулфи се обидел да ги раздвои, меѓутоа, Хамза му нанел повреда со ножот во срцето, па тој починал на пат кон болница.

Жалбата на обвинетиот била поради тоа што на ножот, со кој е извршено убиството, не биле пронајдени негови ДНК траги, туку на други лица. Судот се повика на двајца сведоци кои јасно и недвосмислено кажале дека виделе како обвинетиот со нож го прободел Паша. Како отежителна околност на Хамза судот го зел тоа што имал пресуди за други сторени кривични дела и дека по убиството побегнал за Радовиш, каде бил пронајден два дена подоцна.

П. ПЕЧКОВ | СДК.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45802
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy