
Два пожари во Скопје: Густ чад се издига од Трубарево, но и од депонијата Дрисла!
И покрај убавото време и синото небо, глетката од Водно прикажува тревожна ситуација во околината на Скопје.
Како што може да се забележи од фотографијата направена, во долината се забележуваат два пожари.
На левата страна, од скопско Трубарево, се издига голем, густ столб од црн чад. Според надлежните, се работи за пожар во Нула Отпад Скопје односно фабрика за пластика.
На десната страна, во далечина, пак може да се види уште еден чад, кој доаѓа од депонијата Дрисла.
Иако времето изгледа идилично, оваа слика е силен потсетник на опасноста од овие пожари и нивното влијание врз животната средина и безбедноста на граѓаните.
