
Два пожари сè уште активни, три под контрола
Од вкупно 25 пожари на отворен простор, два се сè уште активни, три се под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Сè уште гори во Националниот парк „Јасен“, како и кај октишка Краста. Под контрола се ставени пожарите во Општина Сарај, кај село Радуша и Доворце, во општина Арачиново и кај демирхисарското село Мало Илини.
