
Два дена пред рокот новата телевизија ВИСТЕЛ започна експериментално да емитува
Од попладнево сигналот на новата телевизија ВИСТЕЛ, чиј сопственик е Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар започна да емитува експериментална програма.
Сигналот е достапен на 32-от канал на Интернет телевизијата Макс ТВ со експериментална програма во регионот Д1 Скопје, Сопиште, Арачиново, Зелениково, Чучер Сандево, Илинден, Петровец и Студеничани со опфат од 627.000 гледачи.
Согласно доделата лиценца од АВМУ како краен рок за експериментална програма е 1-ви мај.
Мотото на телевизијата е “Вистинска Телевизија”.
