ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА НИАГАРА: Сомнежи за намерно дело, се огласи канадскиот министер
Две лица загинаа во експлозија на возило што се случи попладнево по локално време на мостот Виножито, граничниот премин меѓу САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, во западниот дел на Њујорк. Четири американско-канадски гранични премини во регионот се затворени бидејќи истражителите реагираат на ситуацијата.
Повеќе извори потврдија за CBS дека две лица загинале во возило што експлодирало на граничниот премин меѓу САД и Канада.
Извори за Си-Би-Ес изјавија дека во овој момент се чини дека тоа било намерно дело. Но, не се потврдени мотивите или идентитетот.
Канадски министер: Прерано е да се шпекулира за причините за експлозијата
Канадските власти добиваат „контрадикторни информации“ за инцидентот на мостот Виножито, според Доминик Лебланк, министер за јавна безбедност на земјата.
Лебланк додава дека Канада се уште не може да потврди од каде дошол автомобилот.
Тој вели дека „едноставно не е одговорно да се шпекулира што точно се случило“.