Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца повредени од „Пулс“ пуштени на домашно лекување, тројца остануваат во болница
Македонија

Двајца повредени од „Пулс“ пуштени на домашно лекување, тројца остануваат во болница

29/08/2025

AA

Уште двајца од повредените млади лица од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се пуштени на домашно лекување, додека тројца остануваат на болничко следење – двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е тешка, но не е животно загрозувачка. Дополнително, шест пациенти примаат третман во Пирогов во Софија и во Скопје, а неколкумина веќе се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имаат отворени рани, кои се лекуваат во кочанската Болница, информира директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на Општата болница во Кочани.

Клековски додаде дека врвен хирург за пластика од Белгија направил проценка на сите пациенти на кои им е потребна реконструктивна интервенција. Засега, за 18 повредени се утврдено дека е потребна пластична хирургија, но интервенциите се планираат за подоцна.

„Ме радува фактот дека бројот на повредени се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден се врати од Истанбул и еден од Одделот за пластична хирургија. Во болнички услови се лекуваат еден пациент во Истанбул и двајца во државата. Тие се во тешка состојба, но не критична“, изјави Клековски.

Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ-Мирчовска, појасни дека двајца пациенти продолжуваат со постојани третмани во болницата, а Фондот за здравствено осигурување финансиски ги поддржува контролите за шест пациенти во Пирогов.

„Веќе сме на прагот на шестте месеци од трагичниот настан и ги следиме сите препораки на специјалистите. Силиконските маски за лице и врат за повредените се изработени со 3Д принтање во Германија и се очекува да пристигнат во наредниот период“, додаде Паниќ-Мирчовска.

Клековски информира дека е зголемен буџетот за Општата болница во Кочани, одобрени се нови 20 вработувања, а наскоро ќе започне и опремувањето на Одделот за физикална терапија. Дополнително, ќе се обезбедат средства за Централното снабдување со кислород во хируршките сали и за набавка на дигитален рентген.

„Голем дел од градежните активности се завршени. Во изминатиот период беа извршени повеќе активности, вклучувајќи комплетна промена на вертикалната канализациска и водоводна мрежа“, појасни Паниќ-Мирчовска.

Инаку, на 20 август заврши рехабилитацијата на повредените од пожарот кои беа во одморалиштето на МВР на планината Пониква.

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy