
Двајца мажи од Скопје пронајдени починати во викендичка во Горна Ѓоновица
Трагедија во викендичка во село Горна Ѓоновица, Гостиварско, двајца млади мажи од Скопје се најдени починати, најверојатно од задушување со јаглен моноксид.
Според пријавата од синоќа во ОВР Гостивар, на 08.01.2026 во 23:45 часот, во викенд куќа биле пронајдени Т. Ј. (30) и И. Н. (30). Лекар ја констатирал смртта без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се дадени на обдукција. На местото извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
Полицијата засега не објави детали за причината за смртта, но според првичните информации, се претпоставува дека станува збор за несреќен случај на задушување со јаглен моноксид.
