
Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема мерки за пронаоѓање
На 21.11.2025 во 01:00 часот во ОВР Прилеп С.М.(40) од Прилеп пријави дека нејзиниот малолетен син на 20.11.2025 во 14.00 часот излегол од дома и до моментот на пријавување не се вратил дома.
Истиот ден во ОВР Прилеп, М.Ј.(37) од Прилеп пријави дека неговата малолетна ќерка не се вратила во нивниот дом и се сомнева дека најверојатно отишла вонбрачно да живее кај малолетно лице од Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

