Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана на ГП Ѓуешево
Магазин

Двајца македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана на ГП Ѓуешево

20/12/2024

AA

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија денеска бугарските медиуми.

Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница – кривично дело според член 242, став 2, во врска со член 20, став 2 од Кривичниот законик.

На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на ГП Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Северна Македонија, натоварени со руда за Турција.

Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанција – марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми.

Возачите на камионите, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката.

Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
Македонија

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за

26/01/2026
Македонија

Еден си чувал дрога во кофа во кафуле, а друг

26/01/2026
Македонија

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

26/01/2026
Македонија

Внимателно возете: Магла на превојот Стража

26/01/2026
Македонија

НОВ ПРОТЕСТ НА КУМАНОВЦИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ИРАК И ВО

26/01/2026
Македонија

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ,

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40648
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е ДЛАБОК КОНФЛИКТОТ? На седница за

26/01/2026

Денеска, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА најостро ја осудува денешната прес-конференција на СоцијалДемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за пријавување истекува на полноќ

26/01/2026

Пет кандидати досега се пријавиле за нов државен јавен обвинител на Македонија. Огласот, распишан од Собранието, се затвора на полноќ.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy