Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца браќа осомничени дека изнудиле повлекување жалба на јавна набавка
Магазин

Двајца браќа осомничени дека изнудиле повлекување жалба на јавна набавка

01/09/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел.

На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците.

На 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката.

Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy