Два авиони повторно се судрија на писта: Нов инцидент во Јапонија
Два авиони „Ол Нипон Ервејс“ денеска се судрија во помал инцидент на пистата на аеродромот лоциран меѓу префектурите Осака и Хјого во западна Јапонија, но нема повредени, јавува јапонската Кјодо.
Инцидентот се случил околу 10:10 часот по локално време, на домашниот терминал на аеродромот Итами, соопшти компанијата „Кансаи аеродроми“.
Да потсетиме, ова е трет инцидент на аеродромите во Јапонија во јануари годинава.
Пред две недели се судрија два патнички авиони, кога авион на корејската ерлајнс удри во авион на Катај Пацифик ервејс на аеродромот Њу Читозе на северниот јапонски остров Хокаидо.
На почетокот на јануари во Јапонија се судрија патнички авион и авион на крајбрежната стража. Сите 379 лица во авионот JAL се безбедно евакуирани, додека пет од шесте членови на екипажот на помалиот авион на крајбрежната стража загинаа.