
Душко Чифлиганец се бори за живот по тешка сообраќајка на мото-трка во Брно
Познатиот македонски претприемач и љубител на мотоциклизмот Душко Чифлиганец (43) се бори за живот по здобиени повреди по несреќа на брзинска мотоциклистичка трка на автодромот во Брно, Чешка, објави Рацин.
Според информации на организаторите, Чифлиганец изгубил контрола врз моторот во една од високобрзинските свиоци, излетал од патеката и се здобил со тешка трауматска повреда на главата.