
Дуро: Заслуживме повеќе!
Иако поведоа во 75-та минута, стружани не успеаа да ја задржат предноста, многу брзо примија израмнувачки гол, а потоа и втор за Литванците комплетно да го свртат мечот во своја полза и на крај да триумфираат, па разочараноста е очигледна кај македонскиот шампион
„Жал ми е, по сѐ што одигравме во двата меча, на крај сме елиминирани. Заслуживме повеќе! Цел меч бевме на високо ниво, дадовме гол на време, но потоа во тие две-три минути направивме грешка. Во тој момент требаше да почнеме со измените, но се случи тоа што се случи. Навистина сме разочарани“, рече Дуро.
