
Дуро: Најважна е победата и среќен сум како одигравме!
Иако победија, стружани треба да жалат што не остварија поубедлив триумф, особено после првото полувреме во кое имаа многу повеќе шанси, па Будуќност и треба да е среќен што дома ќе брка само гол негатива, не покажувајќи ама баш ништо во овие први 90 минути од двомечот.
„Победа во Европа е секогаш многу важна, а ние ја остваривме не само резултатски, туку и со начинот на игра. Бевме подобри во првиот дел, посвежи, покомбинаторни и можевме да дадеме повеќе голови. Во вториот дел повеќе го менаџиравме резултатот, имавме низа можности, но не како во првиот дел. Сепак најважен е резултатот, а ова е важна победа за Струга зашто е остварена против еден противник кој има стотина меѓународни мечеви, а за нас ова беше само петти во Европа“, рече Шпетим Дуро по мечот.
Тренерот на стружани посочи дека на крај се брои победата во двомечот, но најсреќен е што играчите психолошки одговориле на највисоко ниво после шокантните пет минути пред една недела кои ги чинеа елиминација од ЛШ.
„Победата е важна, но најважното е кој ќе победи во двомечот и среќен сум како денеска играчите одговорија после тие два одлчичнио меча со Жалгирис, но петте минути што скапо нѐ чинеа“, додаде Дуро.

