Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дуро комбинираше, Брера искористи за трета победа – Врдољак ја нокаутира Струга
Спорт

Дуро комбинираше, Брера искористи за трета победа – Врдољак ја нокаутира Струга

21/08/2023

AA

Струмичка Брера го задржа максималниот ефект и дојде до трета победа сезонава, колку да најави дека ќе игра сериозно важна улога во Првата лига, во борбата за европски места, откако попладнево славеше на гости кај актуелниот првак Струга со 2-1, без оглед што стружани играа и со комбиниран тим и повеќе со мислите беа во мечот во четврток и плејофот со исландски Брејдаблик.

Марио Врдољак, хрватскиот интернационалец и капитен на тимот, еден од најискусните во Брера ги нокаутира стружани на секогаш тешкиот за освојување терен на крајбрежјето, откако небранет од никого, со заспан Мисерловски на голот, го искористи подарокот од корнер по центаршутот на Рибаудо да го даде победничкиот гол.

Тоа што Шпетим Дуро комбинираше и сакаше да го сочува првиот тим за европскиот плејоф, се врати како бумеранг, зашто Струга во првиот дел не одигра ништо, а Ване Крстевски им даде еден гол за водство на Брера, но домаќините требаше да бидат среќни што не губеа и поубедливо.

Таипи спаси чист гол на гол-линија, струмичани имаа уште неколку можности за гол, па на полувреме Бесарт Ибраими и Бесмир Бојку влегоа за да го кренат тимот и брзо најдобриот стрелец погоди за израмнување во 52-та минута, потоа имаше уште три шанси од кои еден чист зицер барем за реми во последните 15-на минути, но младинскиот голман Алчевски го спречи и беше еден од јунаците за големата победа на Брера.

Домаќините во завршницата нападнаа со сите сили, но сѐ што се обидоа, да шутнат завршуваше во блокот на гостите.

За Струга ова е прв сезонски пораз во два меча, зашто еден со Шкендија во минатата недела не го играа поради европскиот настап и тој меч им е закажан за крајот на месецов на 30 јуни. Брера, пак, со третата победа е лидер, а само уште Шкендија има ист број на победи колку одиграни мечеви, два од два.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy