Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна
Македонија

Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна

16/04/2025

AA

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на прес-конференција го претстави новиот Правилник за објавување на цените на производите, кој произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите. Новите правила стапуваат на сила од 18 април, а целта е да се обезбеди поголема транспарентност во малопродажната трговија и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Министерството постојано работи на мерки за намалување на цените и стабилизирање на инфлацијата. Резултатите веќе се видливи – според Државниот завод за статистика, инфлацијата во март изнесува 2,7% на годишно ниво, а во однос на февруари е забележана дефлација од -1,3%“, истакна Дурмиши.

Новите законски измени предвидуваат обврска за сите трговци на мало (освен микро трговците со до 10 вработени) да ги објавуваат цените на сите производи на своите веб-страници. Цените мора да бидат јасно прикажани, достапни без регистрација, и ажурирани секој работен ден до 10 часот.

Ценовникот на секој трговец треба да содржи: назив и опис на производот, продажна цена со ДДВ, единечна цена по мерна единица, редовна цена, промотивна цена со попуст во проценти, тип на акција, времетраење на попустот и достапност во конкретниот продажен објект.

„Со оваа мерка, граѓаните ќе можат полесно да изберат каде да ги трошат своите пари. Веруваме дека ова ќе придонесе и кон дополнително намалување на цените во следниот период“, додаде министерот.

Според Министерството, оваа иницијатива ќе придонесе за здрава конкуренција, информираност на потрошувачите и фер пазарни услови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
Македонија

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Заканите за убиство на полицајци во Битола

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не живеам!

05/02/2026

Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски го изнесе својот став во однос на најавените намалувања на функционерските

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy