Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дурмиши: Минималната плата ќе се усогласува законски и одржливо
Македонија

Дурмиши: Минималната плата ќе се усогласува законски и одржливо

22/12/2025

AA

На денешната петта седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) се разговараше за клучни прашања поврзани со пазарот на труд, животниот стандард и социјалниот дијалог. Усогласувањето на ставовите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите останува основен принцип во креирањето на економските и социјалните политики.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, го презентираше напредокот во подготовката на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, со вкупен буџет од 2,39 милијарди денари. Фокусот е ставен на младите, на обуките за вештини што ги бара пазарот на труд и на вклучувањето на ранливите категории, особено лицата со ниско или без формално образование.

„Ставот на Министерството во однос на минималната плата е јасен и заснован на официјални податоци. Инфлацијата покажува стабилизација, а законски утврденото усогласување во март останува единствениот одржлив и предвидлив механизам за раст на минималната плата“, изјави министерот Дурмиши.

Тој нагласи дека висината на минималната плата се пресметува преку транспарентна формула – 50 проценти од растот на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот, со законска гаранција дека таа не може да биде пониска од 57 проценти од просечната нето плата, како модел договорен во рамки на ЕСС и усогласен со европските практики.

Министерот предупреди дека нагло и непланирано зголемување на минималната плата, без поврзаност со продуктивноста и реалните економски капацитети, може да создаде притисок врз малите и средни претпријатија, додавајќи дека целта на Владата е постепен, одржлив и предвидлив раст.Социјалниот дијалог продолжува, а Економско-социјалниот совет останува клучната платформа за усогласување на ставовите во интерес на граѓаните и стабилен економски развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy