Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дурмиши: Економијата е постабилна, граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања
Македонија

Дурмиши: Економијата е постабилна, граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања

08/05/2025

AA

На денешната прес-конференција, министерот за економија Бесар Дурмиши се осврна на последните информации за инфлацијата во земјава кои беа објавени од страна на Државниот завод за статистика.

Тој посочи дека пазарниот инспекторат прави контроли и во наредниот период ќе го објави извештајот и дека ќе чекаат да видат дали има голема промена во цените и доколку има ќе бидат воведени нови поригорозни мерки.

-Официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март, 0.6% зголемување. Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%. Цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024. Ова се факти што покажуваат дека економијата е постабилна, и граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања. Но, тука нема да застанеме, рече Дурмиши.

Тој истакна дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат секојдневно се следи динамиката на цените.

-Досега нема значително зголемување по завршувањето на мерката. Но, доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата ќе реагираме веднаш, рече министерот.

Истакна дека реакцијата ќе биде решителна.

-Можеме да ја прошириме листата на производи со ограничени цени. Да воведеме маржи за сите производи. Или да ги зголемиме постојните ограничувања, изјави Дурмиши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy