Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дурмиши: Движењето Беса е отворена за сите политички партии кои имаат за цел промена на централната власт
Македонија

Дурмиши: Движењето Беса е отворена за сите политички партии кои имаат за цел промена на централната власт

03/05/2023

AA

Движењето Беса како опозициска партија е отворена за сите политички партии и преговори може да се случат со сите политички субјекти со единствена цел промена на централната власт. Уште е рано да кажеме на кое ниво ќе биде соработката, истакна Бесар Дурмиши, член на Централното претседателство на оваа партија и претседател на Советот на Општина Тетово.

-Нормално е и би рекол дека е една соработка со сите оние фактори или сите субјекти кои се во опозиција или се чувствуваат така. Нормално е да има различни коалиции. Не значи дека е постигната коалиција ниту со Алтернатива, ниту со кој било друг политички субјект. Сите политички субјекти имаат за цел во изборниот процес што ќе дојде многу брзо, значи на централните избори, да можат да го максимизираат гласачкото тело и планот или платформата што треба да можат да го спроведат и реализираат и сето тоа да се постигне со доаѓањето на власт. Нормално е да има такви коалиции или преговори со сите субјекти, не само со Алтернативата, туку со сите политички субјекти, истакна Дурмиши.

Инаку, Централното претседателство на политичката партија Алтернатива вечер ќе одржи состанок, на која се очекува да се разгледа соработката со Движењето Беса.

-Централното претседателство на Алтернативата утревечер ќе се состане и ќе дискутира за следните чекори на соработка со Движењето Беса. Првите контакти даваат надеж дека првата соработка ќе биде во рамките на Собранието, додека за деталите ќе ве информираме по завршувањето на средбата, изјавија вчера за МИА од Алтернатива.

Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да и се приклучи на Влдата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање

08/04/2026
Македонија

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот

08/04/2026
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за

08/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Пациентите мислат дека треба постојано да прават скенови, враќањето

07/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Скринингот за рак во Македонија е хаотичен и недоволен

07/04/2026
Македонија

ПРОТЕСТОТ Е ЛЕГИТИМЕН, НО ТРЕБА ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ Вреди најави разврска

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42229
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање пердуви и ширење лаги

08/04/2026

СДСМ на денешната прес-конференција ја продолжија политиката што најдобро ја знаат, а таа е растурање на пердуви во јавноста и

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот во Вашингтон носи резултати, вели

08/04/2026

„Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани. Преку ова

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за правична застапеност оди во Собранието

08/04/2026

Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, сошто се заокружува важен процес кој помина низ неколку фази и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy