Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шест кандидати во трка за нов ректор на УКИМ, изборната комисија ги прифати сите пријавени
Македонија

Шест кандидати во трка за нов ректор на УКИМ, изборната комисија ги прифати сите пријавени

03/05/2023

AA

Билјана Ангелова од Економскиот институт, Горан Ајдински од Филозофски факултет, Ратко Дуев од Филозофски факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ и Димитар Ташковски од ФЕИТ се кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и ќе учествуваат на изборите на 30 мај. Нивните кандидатури се прифатени од Универзитетската изборна комисија која на состанок попладнево ги разгледа сите шест пријави што стигнале до вчера кога заврши огласот.

Претседателката на Комисијата, проф. д-р Родна Живковска, за МИА изјави дека ја утврдиле листата со шест кандидати и дека сите шестмина кои се пријавиле доставиле сѐ што е потребно за да учествуваат во трката за избор на ректор за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

-Констатиравме дека сите имаат доставено согласност за комуникација (контакт), дека имаат пријава, имаат програма, биографски податоци, библиографски единици, избор за редовен професор и државјанство на Македонија, рече Живковска.

Според Роковникот, до 9 мај ќе трае рокот за приговори, кои не се очекуваат со оглед дека се прифатени пријавите на сите шестмина што конкурираа. На 10 мај на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk) треба да бидат објавени програмите за работа и биографиите на кандидатите.

Гласањето на факултетите и институтите во состав на УКИМ ќе се спроведе на 30 мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на Скопскиот универзитет. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој беше ректор во два мандата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy