
Дукш со два гола не дозволи пораз на Вердер во Менхенгладбах (ВИДЕО)
Двапати Борусија Менхенгладбах водеше, но двапати Дукш успеваше да го врати Вердер во мечот и да донесе бод, а сѐ највозбудливо се случи во вториот дел, кога паднаа сите четири гола откако во првите 45 минути мрежите мируваа, иако домаќините го диктираа темпото.
Маркус Турам три минути по стартот на вториот дел донесе прва предност за Менхенгладбах, па Дукш во 65-та израмни, за Флоријан Нојхаус да донесе втора предност за домаќинот во 73-та минута, а Дукш во 89-та вторпат да израмни. И залудни останаа дури 21-от шут на Менхенгладбах од кои девет во рамките на голот, шесте корнери и преку 60 отсто посед на тппката кога на крај не ги освоија трите бода.

